Wednesday, June 16, 2010

Старец Пајсиј (Светогорец) - Магии ( II дел )

-Старче, што се бајачите?
 
-Маѓепсници се. Ги користат Давидовите Псалми, имињата на светителите и друго, а мешаат и повикување на демони. Додека ние, читајќи го Псалтирот ја повикуваме помошта Божја и ја примаме Божјата благодат, тие со начинот на којшто го ползуваат, хулат на Бога, ја одрекуваат Божјата благодат, та затоа демоните потоа им го прават атерот (т.е. им помагаат). Ми кажуваа за едно дете коешто отишло кај еден бајач, за да успее во нешто. Тој му читал нешто од Псалтирот, и детето успеало во тоа што го посакувало. Но, по малку време почнал да се гаси, да се топи бедникот. Што направил бајачот? Имал земено нешто суви плодови во рацете, и почнал да му чита 50-ти псалм. Кога стигнал до стихот „жртва на Бога“ ги фрлил сувите плодови, правејќи им жртва на демоните, за да му го направат потоа атерот. На тој начин хулел на Бога со Псалтирот.

Tuesday, June 15, 2010

Старец Пајсиј (Светогорец) - Магии ( I дел )

Бидејќи многупати ви зборував за Рајот, за ангелите и за светиите, за од тоа да имате некоја полза, сега ќе ви кажам малку и за пеколот и за демоните, за да познаете со кого се бориме, за повторно да најдете помош.
Дојде во Колибата еден млад маѓепсник (=вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисок. На шеснаесет годишна возраст заминал од Тибет и отишол во Шведска за да се види со татко му. Таму, случајно сретнал еден, многу верен, православен свештеник и побарал да разговараат.

Monday, June 14, 2010

Чудото и науката

Во советско време, Киево-Печерската лавра, беше претворена во атеистички музеј. Во неговите сали се прикажуваа отворени гробови со мошти и специјално обучени лектори се обидуваа да ги убедат посетителите дека нема ништо свето и надприродно во древната обител. Тие тврдеа дека моштите се средство на измама, дека нивната нетленост се должи единствено на тоа што манастирските пештери се прокопани во суви варовити почви со постојана температура и влажност на воздухот, кое содејствувало за мумифицирање на погребените монаси.

Но, лекторите премолчуваа една восхитувачка загатка – вели Анатолиј Бернатски, истражувач на необичните појави. Имено при испитувањето на телата погребани во пештерите, се покажаа дека само дел од нив се во нетлена состојба. Останатите, се обични мртовечки остатоци, какви што има на секое друго гробно место. За да се објасни ваквата разлика, беа спроведени сериозни испитувања.

Бројаници

Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно го негуваат православните монаси.
Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат иа сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Тие се прават од чиста овча волна, што не потсетува дека сме словесни (разумни) овци на Добриот Пастир, Господ Исус Хритос, Кој, и самиот како Јагне Господово пострада заради нас и не избави од вечната смрт.
Бројаниците се прават со рзличен број на јазли (чворчиња). Така, најмалата е составена од 33 јазли, додека поголемите: од 50, 100 или 300 јазли. Според едно старо предание, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е ден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.

Wednesday, June 9, 2010

АПЕЛ до сите хумани луѓе ! ! !

Спировски Роберт, роден на 26.11.1995 година од село Раотинце, Тетово, боледува од малиген рак на бели дробови. Потребно е да се изврши операција на 20.06.2010 година во Австрија, за која (операција) се потребни големи парични средства, до 50 000 евра.

Упатувам АПЕЛ до сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, нека донираат на следнава жиро сметка: 290500003085014 ТТК Банка.

По молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии, Господ Исус Христос, нека го помилува Роберт, нека ги помилува и сите кои ќе допринесат за да се изврши операцијата.
Господ, Бог, нека ни помогне на сите и нека ни даде колку сака, што сака и кога сака. АМИН.

П.С: Кој неможе да помогне парично, барем нека се помоли на Пресветата и на Господ Исус Христос за чедото Роберт.

Tuesday, June 8, 2010

Чедоморство (абортус)

Пред неколку денови во разговор со една сестра во Христа, ми кажа дека со некој човек разговарала на оваа тема (за абортусот) и дека тој човек го одобрувал абортусот се до 7-ми месец, а после 7-ми месец не, затоа што според него плодот после 7-ми месец почнува да се оформува, а пред 7-ми месец нема ништо. После ден-два од тој разговор, во мои раце се најде едно книгиче, поточно црковен алманах, каде што пишуваше за абортусот, со што во целост го побива тврдењето на човекот.

Текстот доле што ќе го читате е извадок од тој црковен алманах.

Митрополит Мелетие: Против чедоморството

Познатиот италијански законодавец од минатиот век Рафаил Белестрини, вели: „Најјакиот доказ дека некој народ ја достигнал крајната граница на моралниот пад ќе биде времето кога абортусот ќе биде сметан како прифатлив и нешто нормално“.