Wednesday, March 3, 2010

Духовни поуки

Овие три работи Бог ги бара од секој човек што примил крштевање: од душата бара правилна вера, од устата вистина, од телото непорочност.
(Ава Григориј)

Должни сме да умреме за самите себеси, за да живеат другите! Христос рече: Не плашете се да го загубите животот, служејќи му на братот! Кој му служи на својот ближен, ја спасува својата душа за вечниот живот!
Старец Софрониј (Сахаров)

Обидете се никогаш да не го обвинувате ближниот, туку помолете се за него! Кога некого осудуваме за неговите мани, тоа значи дека не ги гледаме нашите!
Старец Софрониј (Сахаров)

Во состојба на нашиот пад, ние не сме способни точно да му судиме на нашиот брат. Не бидете толку сигурни дека вашиот брат греши! Не му судете!
Старец Софрониј (Сахаров)


Го прашаа браќата авва Агатон: „Која добродетел меѓу сите подвизи бара најмногу труд?“
А тој им одговори: „Простете ми, мислам дека нема поголем труд од молитвата кон Бога. Кога човекот сака да се моли, сакаат и непријателите да го прекинат во тоа. Зашто знаат дека ништо не може да ги спречи освен молитвата кон Бога. И каков живот и да води човекот, ако е истраен во него, стекнува спокојство, а молитвата бара борба да последниот здив“.
(од Старечникот)


Кога некој не ги забележува своите грешки, тоа е знак дека се наоѓа во сатанска состојба: ѓаволот никогаш не ги гледа и не се кае за своите гревови. Но човекот се кае во смирение и затоа Бог го сака.
(Монах Анатолиј Оптински)


Плаши се од Господ, сине мој! Да не го изгубиш венецот што ти е приготвен, да не бидеш отфрлен од Христа во најкрајна темница и вечна мака. Стој храбро во верата, и ако е неопходно, со радост трпи ги прогоните и другите неволји, оти со тебе ќе биде Господ... и Светите Маченици и Исповедници со радост ќе гледаат на твојот подвиг.
(Св.Антониј Оптински)


„Подобро би ти било да дадеш јазикот да ти го отсечат, отколку да молчиш кога се обидуваат вистинската вера да ја извалкаат“
(св. Теодор Студит)


Христијанин без одење во Црква, без молитва, без исповед, без Света Евхаристија (Причест) е неоградено лозје, на кое во секој час му е отворена капијата за крадци т.е. демоните за да го растурат.
(Старец Харалампиј)


Необразованите и глупавите мислат дека поуките и советите се – смешни, и не сакаат да им се покоруваат, затоа што тие се огледало на нивната глупост.
(Преп.Антониј Велики)


Патот на спасението колку што ветува идни блага, толку тешкотии на сегашноста открива.
(Св.Василиј Велики)


Крепоста (силата) на царот лежи во многубројната војска, а крепоста на пустиникот лежи во многу молење.
(Св.Јован Златоуст)

No comments:

Post a Comment