Sunday, March 21, 2010

Поуки од Свети Антониј Велики

1.Почетокот на подвижничкиот живот е послушништвото.
2.Бидете потполно уверени, дека нема да напредувате духовно, нема да растете и да се усовршувате, ниту ќе можете да го разликувате доброто од злото, ако не ги слушате и ако не им се покорувате на вашите духовни отци.
3.Демоните штом ќе забележат некој христијанин, а особено некој монах, како се труди и напредува во духовниот живот, веднаш се обидуваат да го нападнат на неговиот пат преку соблазни со лоши помисли. Но, не треба да се плашиме од овие напади, бидејќи молитвите, постот и верата во Господа веднаш ги прогонуваат нашите духовни непријатели.
4.Ако човек одлучи да се поправи и почне да бега од секое зло, вооружувајќи се против него со плач, смиреност, воздивнувања, пост, бдеења, сиромаштија и со многу молитви кон Бога, тогаш Бог ќе му помогне со Својата благодат и ќе го избави од сите страсти на душата.
5.Господ не ни рекол дека наградите ќе бидат овде на земјата, туку дека овде ќе имаме искушенија, незгоди, жалости и страдања, а дека наградите ќе бидат таму - во другиот живот. Овој живот е патување сврзано со подвизи и искушенија.
6.Ако некој кога разговара со тебе, и те праша за нешто што е спасоносно за неговата душа, одговори му; а ако те прашува за нешто, што нема да биде корисно за неговата душа, биди како глув, кој не слуша, и како нем, кој не говори.

1 comment:

  1. токму така, треба да се поучуваме од нашите браќа, да бидеме како нив(се мисли на отците) и се со љубов да работиме.ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС.

    ReplyDelete