Sunday, January 31, 2010

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници.

Friday, January 29, 2010

Гревот

Драги читатели, ние сме создадени за Бога и единствено во Него го наоѓаме врховното блаженство, по кое копнее нашето срце. Ништо друго надвор, од Бога не може да ја усреќи нашата душа! Дајте му на човек се што ќе посака, тој ќе му се радува на тоа одредено време, но потоа ќе стане рамнодушен бидејќи чувствува дека му недостасува нешто друго, многу повозвишено. Зарем и детето не и се радува на новата играчка се додека не огладни? Тогаш ја фрла играчката и бара леб. И меѓу најгласните задоволства на животот, и меѓу најголемите постигнувања на светот, некаква неискоренлива внатрешна глад за правда, и мир и радост во Сетитот Дух (Рим.14,17) ја мачи нашата душа и не дава мир!

Wednesday, January 27, 2010

Богатиот патник


Во едно затскриено, убаво, балканско селце, пристигнал, на летна почивка, чуден туѓинец. Тој бил многу богат човек. Патувал сам, бил многу уморен и сакал, што поскоро, да најде место каде што ќе престојува, за да си отпочине. Имал намера, да ги усреќи оние, кои ќе му обезбедат тивко и пријатно засолниште. Бидејќи неговото богатство било непроценливо, тој, на гостољубивите домаќини сакал да им даде таков подарок, каков што тие дури и не сонувале.
Забележал една, однадвор убава куќичка со прекрасна местоположба и решил во неа да побара место за починка. Затропал на вратата. Но, веднаш штом му отвориле и го поканиле да влезе, тој неволно отстапил. Одвнатре, го облеал неподносливо замисиран воздух. Што забележал? – Домот на тие луѓе и свинската кочина биле под еден покрив. Без да каже за што дошол, патникот се извинил и излегол од дворот.

Sunday, January 24, 2010

Духот на Православието

„Теоријата“ е туѓа на Православието, а целиот негов патос е сосредоточен во „практиката“. Ете зошто Источната Црква не сака да губи време во решавањето на прашањето: што е тоа слобода и што е благодатта. За овие прашања Запад изгубил многу време и оставил големо количество литературни споменици што сведочат за рудиментите на јазичната горделивост. На Православието му е туѓа секаква претензија на сила и заслуги. Барањата на блажени Августин, хероизмот на Калвин, протестите на Лутер, исто така му се туѓи. Тоа го знае покусиот пат на откровението на светиот апостол за спасението, а тој пат не се наоѓа одвоен од магистралната линија кон целта, туку во самата неа, од каде што доаѓа духот и поради тоа Православието ја нема ни католичката казуистика, ни – разционализмот и индивидуализмот на реформацијата, а знае само едно просто правило за спасение: „прими благодат!“ И оваа благодат што се дава како подарок на оние кои имаат вера, не бара спорови ни логични ставови, туку – отворени и чисти срца. И ова Православието го поставува над се друго.




Saturday, January 23, 2010

Св. Теофан Затворник : Римо-католичка (латинска) црква






Латинската црква има апостолски происход, но има отстапено од апостолските Преданија и се повредила. Главниот нејзин грев е страста да измислува нови догми по свое расудување и своја волја. На почетокот, таа ја смислила догмата за исходењето на Духот Свети од Отецот и Синот, или преку Синот – тоа го направила одамна, во почетокот на нејзиното отпаѓање од вистинската Црква, а во наше време измислила уште две: за непорочното зачнување на Божјата Мајка и непогрешливоста на папата. Таквите изуми и’ се чинат збогатување и возвишување на совршенството на Црквата, додека дејствено тоа е повредување на Црквата, и тоа многу суштествено.

Свети великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј


Светиот великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј се родил, живеел и маченички пострадал при крајот на третиот (270 - + 303) и почетокот на четвртиот век. Тоа е она страшно време за христијаните кога на чело на Римската империја бил царот Диоклецијан (284 - 305).Царот во почетокот на своето владеење не ги прогонувал христијаните, сметајќи ги за безопасни, но откако се уверил во брзото ширење на христијанската религија, при крајот на своето владеење во 303 година, отпочнал силен прогон против христијаните. Уривал и палел храмови, затварал и убивал верници, свештеници, епископи . . . Во такво време не само што живеел св.вмч. Георгиј, туку и завземал високо место во Диоклецијановата војска.

За свештеничкиот благослов

Свештенослужителите (т.е. луѓето кои преку Светата Тајна Свештенство - ја добиле благодатта на Светиот Дух заради служење во Христовата Црква)- епископите (архиереите) и свештениците (ереи) нé осенуваат со крстен знак. Тоа осенување се нарекува благослов.

Кога свештеникот или епископот ќе нé благослови со раката, тогаш тој така ги спојува прстите, што тие ги претставуваат буквите ИС ХС, т.е. Исус Христос. Тоа значи дека преку свештеникот нé благословува Самиот наш Господ Исус Христос. И затоа благословот од свештенослужителот треба да го примаме со стравопочит.