Saturday, January 23, 2010

Св. Теофан Затворник : Римо-католичка (латинска) црква






Латинската црква има апостолски происход, но има отстапено од апостолските Преданија и се повредила. Главниот нејзин грев е страста да измислува нови догми по свое расудување и своја волја. На почетокот, таа ја смислила догмата за исходењето на Духот Свети од Отецот и Синот, или преку Синот – тоа го направила одамна, во почетокот на нејзиното отпаѓање од вистинската Црква, а во наше време измислила уште две: за непорочното зачнување на Божјата Мајка и непогрешливоста на папата. Таквите изуми и’ се чинат збогатување и возвишување на совршенството на Црквата, додека дејствено тоа е повредување на Црквата, и тоа многу суштествено.
Учењето за исходењето на Светиот Дух и од Сина, или преку Синот, ја повредува догмата за Пресветата Троица; учењето за непорочното зачнување на Божјата Мајка ја изопачува догмата за повреденоста на нашата природа при паѓањето и делумно за искупувањето; учењето за непогрешливоста на папата самоволно присвојува Божествено својство на човек и го повредува општото учење за Бога и за човекот. Така во неа (Римската црква) се повредени најсуштествените делови на христијанското исповедување: за Пресветата Троица, за изкупувањето и, воопшто, за природата на Бог и човекот.


Сите тие учења се туѓи на Апостолското Предание и се човечки дела и како такви личат на доградба на здание, кои не одговараат на планот и неговиот стил, не е од ист материјал, или пак на тоа, кога некој во вистинско вино од грозје долива некаква течност, спротивна на неговиот природен состав. Како што со таква доградба се уништува зданието, а со примесите – виното, така со тие учења латините ја повредиле и расипале светата вера, предадена нам од Светите Апостоли.
Особено уништувачка е последната догма – за непогрешливоста на папата. Заради неа човек е во недоумица дури и како да се однесува кон таа црква.


No comments:

Post a Comment