Saturday, July 31, 2010

Чудото со Светиот Крст

Во првите денови во 1965 година во детската клиника, довеле едно девојче, ќерка на партиец и познат научник. Девојчето кое имало 7 години, живеело во училиштето затоа што нејзините родители се наоѓале во странство. Причината за пренесувањето на девојчето во болница била високата температура. Веднаш ги направиле потребните испитувања. Првите денови таа имала јасно сознание, но истиот ден состојбата се влошила и на девојченцето почнало често да и се губи сознанието. Им била испратена телеграма на родителите со која ги известиле дека нивната ќерка е многу болна и дека нема надеж оти таа ќе преживее уште 3 - 4 дена. Лекарите решиле да го пренесат девојченцето во одделна соба и да му дадат кислород. Идното утро температурата се искачила на , пулсот бил многу забрзан, дишењето тешко, така што состојбата крајно се влошила.

Но, оддеднаш девојчето се дигнало и седнало на постелата велејќи : „ Каде се мама и тато? Зошто ги нема овде? “ докторите и сестрите ја успокојувале, велејќи и дека тие наскоро ќе дојдат. – Тогаш повикајте ја баба ми. Таа живее на улица... Точно го кажала името и бројот на улицата. Повикајте ја веднаш, ако таа не дојде, јас ќе умрам. Само мојата бабичка може да ми помогне. Желбата на девојчето веднаш била исполнета. Напладне бабата пристигнала, потоа замолила насамо да ја остават со внуката. Една од сестрите по наредба на лекарот, останала да дежура. Бабата симнала нешто од своите гради и го ставила во левата рака на внуката. Потоа паднала на колена пред креветот и почнала да се моли. Поминало околу еден час. Го известиле лекарот и тој откако влегол во собата, рекол со спокоен, но решителен глас : „ Ве молам, дајте му на детето спокојно да умре“.

Девојченцето, кое лежело со затворени очи, ги отворило, седнало и со мирен, но решителен глас проговорило : „Кој ви кажал дека јас ќе умрам? Јас веќе немам температура. Потполно сум здрава. Многу сум гладна, дајте ми чаша млеко“. Докторот збунет, веднаш и го опипал пулсот. Пулсот бил сосема нормален. Измериле температура и покажало дека има само , а главоболката престанала. Докторот се вратил и донел чаша млеко. Девојчето рекло : „ А сега сакам да спијам. Бабичке те молам остани со мене ноќва“ и веднаш потоа заспало во длабок сон. Докторите доаѓале неколку пати во текот на ноќта. Но, тепературата била нормална, дишењето лесно и нормално. Било јасно дека опасноста конечно поминала.

Кога изутрината сестрата влегла во собата, таа се вкочанила кога видела како девојчето се смее и весело разговара со нејзината баба. Кога и донеле млеко, таа се прекрстила и потоа го испила млекото. Тогаш сестрата, наполовина сериозно и наполовина шеговито, рекла : „ Леле па ти си веќе пионерка, што е тоа што го правиш? Што си? Старица? “ веднаш потоа следел одговор, искажан со сериозен и решителен глас : „ А зошто да не се прекрстам? Ако крстот немаше никаква сила, вие денеска ќе ме погребавте. Вие мислите оти јас незнаев дека веќе умрев?“
Кога ги изговорила овие зборови, ја отворила левата рака и го покажала крстето од злато. Сестрите ги известиле лекарите за ова во детали. Тие сите биле речиси членови на комунистичката партија. Заклучокот до кој дошле бил: „Редок случај на самовнушение“. И отишле да направат проверка. Ја замолие бабата да им ја каже тајната, за да им послужи да го излекуваат и момчето кое лежело во другата соба кое било пред умирање. Тоа немало да живее повеќе од неколку часа. Тоа имало две и пол години, а родителите биле фанатични комунисти кои секако не му зборувале за Бога.

По многу молби, старицата се согласила да го даде својот крст и изјавила дека ќе биде со детенцето и ќе се моли за него. Откако му дале некакво лекарство за смирување, тоа било во длабок сон. Старицата коленичела и покрај неговата постела и топло се молела на Бога. Но, овој пат пред сестрите и лекарите, кои стоеле и молчеле, како што ги замолила. Резулатот на нејзината молитва бил, потполно оздравување на детето!

Колку и да се труделе ова чудо да го задржат во тајност, гласот брзо се ширел. Една ноќ, два црни автомобили застанале во една населба на Москва каде што живеела старицата. Двајцата мажи влегле во нејзиниот дом и по малку време излегле заедно со неа. Не поминало долго време, во еден стан во престолнината старицата на колена се молела покрај креветот на еден постар човек. „Не плашете се чедо“. Откако го рекла тоа, старицата продолжила да се моли и кога ја завршила молитвата, станала на нозе и ги изговорила зборовите: „Да Воскресне Бог и да бидат уништени неговите непријатели од лицето на земјата“. Овој што бил излекуван на овој чудесен начин бил член на комунистичата партија на СССР и член на Врховниот совет. Тој не е единствен меѓу оние што ја држат својата висока функција во партијата, но сепак со сето свое срце веруваат во Господа Христа.

Неиспитливи се патиштата на Господа!


За овој текст му благодарам најпрво на Бога, а потоа и на Отец Мирко, парохиски свештеник од Тетово.

No comments:

Post a Comment