Tuesday, August 17, 2010

Кога умирам

Тага,
таа пред вратата ми стои,
со желба да ја отвори и да ме зароби!

Мислите,
повторно мислите злобни ѕвонат
и на беззаконие брзаат
да ме наведат.

Срцето,
тоа срце сакаат
да го скаменат, а неговото чукање
да го умртват.

Страдањето,
повторно страдање
од кнезот земски чувствувам и во
вериги до смрт сака да ме измачува.

Верата
и таа згасна во мене.

Се’ ли исчезна во ноќта во која умирам?


Извор: Книга „Реки Вавилонски“ од Стојанче Андов, година 2010

No comments:

Post a Comment