Wednesday, August 18, 2010

Ме викате Господ

Ме викате Господ,
а далеку сум од вашите срца.
Ме викате Учител,
а не се поучувате од мене.
Ме викате Пат,
а не одите по мене.
Ме викате Вистина,
а не сведочите за Мене.
Ме викате Љубов,
а не ме љубите.
Ме викате Пастир,
а бегате од Моето стадо.
Ме викате Врата,
а не чукате на неа.
Ме викате Вечен,
а Ме убивате постојано.
Ме викате Спасител,
а не барате помош.
Ме викате Извор,
а не пиете од него.
Ме викате Леб,
а не јадете од него.
Ме викате Судија,
а се судите меѓу себе.
Ме викате Лекар,
а одите по врачари.
Ме викате Благ,
а се мразите.

Ме викате Многумилостив,
а не делите милостина.
Ме викате Човекољубив,
а се убивате.
Ме викате Праведен,
а не ја сакате правдата.
Ме викате Свет,
а не се просветувате од Мене.
Ме викате Татко,
а го напуштате Мојот дом.
Ме викате Цар,
а не влегувате во Моето Царство.
Кога ќе дојдам пак
во сета Своја слава,
ТОГАШ
каков откуп ќе дадете?


Извор: Книга „Реки Вавилонски“ од Стојанче Андов, година 2010

1 comment:

  1. многу е убаво и поучно..............

    ReplyDelete