Thursday, July 29, 2010

Старец Пајсиј (Светогорец) - Магии ( III дел )

-Старче, имаат ли маѓепсниците некое известување (видение,внатрешна сигурност на срцето)?

-Имаат известување од ѓаволот, а кажуваат и многу лаги. И вие да внимавате во гостопримницата. Треба да ја проверувате состојбата. Да гледате какви луѓе се тие што доаѓаат, зашто може да дојде и некој којшто се занимава со магии. Ви се чини чудно? На едно бдение дојдоа две лица коишто се занимаваа со магии. Им се доближуваа на луѓето и им кажуваа разни работи. На една жена и рекле: „Ти имаат направено магии; ќе дојдеме кај тебе дома, да ти ги одврземе со еден крст што го имаме“. Доаѓаат на бдение, зборуваат демек духовни работи, а другите велат: „Бидејќи доаѓаат на бдение значи се верници“, и им го отвараат срцето. Како ли ги збркуваат луѓето со лагите што ги кажуваат! За да излаже некој една девојка и рекол: „Отец Паисиј имал видение дека ќе се омажиш за мене; земи го ова да го носиш, без да испиташ што е“, и и дал нешто што било - магиско. Но, таа за среќа не го ставила. „Добро, отец Паисиј со такви работи ли се занимава!“ рекла, и зела да ми пишува едно писмо, четири страни со збиени редови, полно со навреди. Такво хулење! „Нема гајле“, велам, „навредувај ме. Алал да ти е хулењето, откако не се излажа да ја ставиш сатанската амајлија!“


-Ве познаваше, Старче?

-Не, не ме познаваше. И јас не ги знаев, ниту неа, ниту него..

-Старче, што им рековте на учениците коишто дојдоа денеска и ви кажаа дека повикувале духови?

-Што да им кажам? Прво - ги искарав добро. Тоа што го направиле е одрекување од верата. Од моментот кога го повикуваат и го примаат ѓаволот се одрекуваат од Бога. Затоа и им кажав за почеток да се покајат, да се исповедаат искрено, и во иднина да внимаваат; да одат во црква, да се причестуваат со благослов на духовникот и да се осветуваат. Имаат олеснителни прилики зашто се деца и тоа го правеле како игра. Ако беа возрасни, ќе им се случеше големо зло; ѓаволот ќе стекнеше голема моќ над нив; но, и деца сега ги потресува.

-Значи, Старче, што точно направиле?

-Тоа што го прават многумина. . . Ставаат на една маса чаша со вода и околу ги редат буквите на азбуката А,Б,В,Г . . . го ставаат потоа прстот во вода и го повикуваат духот, значи ѓаволот. Чашата се врти, запира пред буквите и испишува зборови. Тие го повикале духот и кога дошол го прашале: „Постои Бог“? „Не постои“, им рекол. „Постои сатана“? „Постои!“. Значи, тешки глупости! Не постои Бог, а постои сатана! Кога повторно го прашале дали постои Бог, им рекол: „Да, постои“. Еднаш „да“, еднаш „не“, и се замислиле децата. Така устроил Господ, за да им помогне. Една девојка од друштвото била удрена од чашата. Допуштил Бог да биде удрена, за да се совземат и другите деца.
А, денес и мнозина кога сакаат да направат некакво зло на некоја личност, прибегнуваат кај маѓепсници коишто ја употребуваат восочната кукла на вуду. Маѓепсниците ова го имаат како играчка, како хоби.

-Старче, што прават?

-Прават кукла од восок, и кога некој бара да му се наштети на својот непријател, на пример на очите, тие забодуваат една игла во очите на куклата и го кажуваат името на оној на којшто сакаат да му наштетат, правејќи различни магиски работи. И, навистина тој човек ако живее грешен живот, и не се исповеда, бива нападнат, од демонската енергија, во очите. Му се чини дека ќе му излезат очите од болка! Прави испитувања, но лекарите не наоѓаат ништо.
Еве, какво зло прават и медиумите! Не е доволно што им ги земаат парите на луѓето, но растураат и фамилии. Оди, на пример, некој кај медиумот и го кажува проблемот што го има. „Гледај“, му вели тој. „една роднина којашто е малку црномуреста, малку висока итн, ти има направено магии“. И, бара тој да види која од неговиот сој ги има тие карактеристики. Ќе најде некоја којашто ќе личи макар и малку. „А, таа е што ми направии магии“ си вели, та го фаќа една омраза кон неа. А, таа бедната, да не знае ништо - може дури и да му била добротвор, - тој, пак, има една огорченост против неа, што не сака ниту да ја види! Оди повторно кај медиумот, и тој му вели: „Сега треба да ги одврземе магиите. А, за да ги одврземе дај нешто пари“. „Е, бидејќи откри што е, треба да го наградам!“ И, давај му пари . . . Гледаш ѓаволот што прави? Прави Скандали. Додека еден добар човек, дури и да знае нешто конкретно за некого, никогаш нема да каже - „Тој ти има наштетено“, но ќе се обиде да му помогне. „Види“, ќе му каже, „не си примај помисли. Оди да се исповедаш и не плаши се“. И, така, му помага и на едниот, и на другиот. Оти и тој што му наштетил на другиот штом гледа овој се однесува со добросрдечност, се замислува (во добрата смисла на зборот), та се покајува.

Ѓаволот никогаш не може да направи добро.


-Старче, може ли еден маѓепсник да излечи некој болен?

-Маѓепсник да излечи болен! Некој којшто е потресуван од демонот, може да го направи да се чувствува добро, со тоа што демонот ќе го испрати кај друг. Затоа што маѓепсникот и ѓаволот се колеги, та му вели на ѓаволот: „Излези од овој, и оди кај оној“. Го вади демонот од него, и го праќа кај некој роднина или познат којшто му има дадено право на ѓаволот. Потем, тој што имал демон вели: „Јас страдав, но тој ми направи да бидам добро“ и, така маѓепсникот станува популарен. Потоа демонот се шета кај роднини или пријатели. Ако некој, да претпоставиме, е згрбавен од демонско влијание, маѓепсникот може да го изгони демонот од него и да го прати на друго место, та грбавиот да стане исправен. Но, ако има грпка од инвалидитет, маѓепсникот не може да го направи да биде добар.

Ми кажаа за една жена дека лечи болни, користејќи различни свети нешта. Кога слушнав што прави останав вчудоневиден од техниката на ѓаволот. Држи еден крст и псала различни тропари. Псала на пример: „Богородице Дево“, и штом ќе стаса до „благословен е плодот на твојата утроба“ плука близу до крстот, значи - се руга на Христа, та затоа, потоа, и помага ненависникот. Така, некои коишто се болни, имаат меланхолија (и сл.) од демонски влијанија и лекарите не можат да ги излечат, таа ги лечи, зашто го изгонува демонот којшто ја предизвикува тежината, го праќа кај друг, тие се ослободуваат од маката, и многумина ја сметаат за светителка. Се советуваат со неа, а таа им наштетува на душите, ги упропастува.

Потребно е многу внимание. Нека бега човек далеку од маѓепсниците и магиите, како што бега далеку од огнот и од змиите. Да не ги мешаме работите. Ѓаволот никогаш не може да направи добро. Само болестите коишто тој ги предизвикува, само нив и може да ги „излечи“.

Имав слушнато ваква случка: еден младич се имаше сплеткано со некој маѓепсник, и се занимаваше со магии. Потем претрпе штета, се разболе и заврши во болница. Потроши месеци татко му, а тогаш немаа ни здравствено осигурување, за да најдат што му е. Но, лекарите не наоѓаа ништо. Беше станат за никаде. Што направил тогаш ѓаволот! Му се јавил како светиот Јован Крстител, кого што го имале за заштитник во нивното место и му рекол: „Ќе те излечам, ако таткоти изгради една црква“. Му го кажал младичот тоа на татка си и тој бедниот рекол: „Мое дете е, се што имам ќе дадам, само да се излечи“, и се ветил на Чесниот Крстител да му изгради црква. Ѓаволот излезе и детето оздраве. Го направи . . . „чудото“! Тогаш таткото рекол: „Јас се ветив да изградам црква. Треба да го исполнам зареченото“.
Бидејќи немаа финансиска моќ, тој за да изгради храм ги продаде нивите што ги имаше. Го даде целиот имот. Децата му останаа на улица. Вознегодуваа, „скраја да е православието“ - рекоа, и станаа Јеховини сведоци. Гледаш ѓаволот што прави? Изгледа таму немало Јеховини сведоци, и тој најде начин таму да станат Јеховини сведоци.


Извор: Списание „Успение“, број 5, јуни 2003 

3 comments:

  1. Само сакам да искористам уште една прилика да посведочам што повторно направи за мене овој голем маѓепсник Вуду Господар. Кога првпат контактирав со него, тој ми помогна да ги вратам мирот, љубовта и среќата во мојот брак со тоа што ме остави бремена, а исто така го натера мојот сопруг да престане да изневерува и да почне да се однесува одговорно. И сега само го натера мојот сопруг да го добие долгогодишното унапредување на неговото работно место со други бенефиции. Сега тоа е уште едно ниво на среќа во моето семејство поради овој голем, моќен и ефикасен магија. Контактирајте го сега и побарајте помош од неговите податоци за контакт voodooconnect60@gmail.com можете да користите и whatsapp + 234 8097014925... Тој е способен да прави чуда, тој повторно направи чуда за мене по втор пат.

    ReplyDelete
  2. Бев навистина тажна и повредена кога мојот сопруг реши да ме остави за девојка многу помлада од мене. Мојот сопруг е доста богат, така што наиде на многу дами. Сепак, тој е љубезен и грижлив човек, но оваа млада дама го доби на посебен начин што не можев да го објаснам. Во одреден момент помислив да и го одземам животот бидејќи мојот сопруг навистина ја сакаше, но еден пријател ме одврати од тој чин. Морав да барам духовна помош од Интернет, а потоа прочитав за различни прекрасни коментари за вуду господарот, многу луѓе даваа различни сведоштва за неговите добри дела и обновувањето на бракот. Ја зедов неговата е-пошта voodooconnect60@gmail.com од едно од сведочењата и го контактирав. Му кажав за мојот проблем и тој ми даде инструкции да ги следам и предмети да купам. Во рок од седум (7) дена мојот сопруг ги прекина сите средства за комуникација со злобната госпоѓа, се каеше и молеше за моја прошка. Ви кажувам големо благодарам господару вуду и засекогаш ќе бидам благодарен за вашата помош. Се надевам дека ќе го видите ова сведоштво бидејќи ветив дека ќе споделам сведоштво ако ми помогнете. можете да го контактирате и на whatsApp: +234 8097014925

    ReplyDelete
  3. Неверојатно сведоштво за магионичар кој ми го врати сопругот. Среќно сум оженет со прекрасен и грижлив сопруг со две деца. Пред седум месеци се случи многу голем проблем во моето семејство, помеѓу мене и мојот сопруг. толку страшно што го однесе случајот на суд за развод. рече дека никогаш повеќе не сака да остане со мене и дека повеќе не ме сака. Така тој се спакуваше од дома и ме натера мене и моите деца да поминеме низ силни болки. Се обидов со сите можни средства да го вратам, по многу молење, но безуспешно и тој потврди дека ја донел својата одлука и никогаш повеќе не сакал да ме види. Така, една вечер, додека се враќав од работа, сретнав еден мој стар пријател кој го праша мојот сопруг. Затоа ѝ објаснив сè, па таа ми рече дека единствениот начин да го вратам мојот сопруг е да посетам магионичар, бидејќи и таа го стори тоа за да го врати својот љубовник. Потоа го следев нејзиниот совет и таа ми даде контакт со DR WALE WhatsApp :+2347054019402. веднаш му испратив на Д-Р Вејл порака на WhatsApp и му кажав за сите болки и неволји со кои се соочувам. Д-Р Вејл ми рече да не плачам повеќе и дека го користам, опушти ми го умот. По многу дискусии со Д-Р Вејл, платив за сите материјали и предмети потребни за да се изведе магијата, а магијата ме увери дека ќе го вратам мојот сопруг за една недела. Каква неверојатна изјава!! Затоа, тој зборуваше со мене и ми кажа сè што требаше да направам. Потоа, следната недела беше толку изненадувачки што мојот сопруг кој не ми се јавуваше во последните седум месеци ми се јави за да ме извести дека се враќа. Толку неверојатно!! Така тој се врати во куќата со многу љубов и радост и се извини за својата грешка и за болката што ја предизвика на мене и на моите деца. Потоа, од тој ден, нашата врска сега беше посилна од онаа како што беше порано со помош на DR WALE. Ќе ве советувам да контактирате со DR WALE WhatsApp/Viber +2347054019402 или е-пошта: drwalespellhome@gmail.com

    ReplyDelete