Tuesday, August 24, 2010

Солзите посилни од смртта

Во еден Нарчински затвор имало голема побуна помеѓу затворениците. Истите тие се поделиле на две групи и меѓу себе душмански се тепале. Јас како свештеник бев одреден да одам во тој затвор. Тој беше опколен со војници и кога влегов во дворот, им се обратив на затворениците. Поголем дел од нив ме опкружија и многу внимателно ја слушаа мојата проповед. По завршувањето на говорот забележав дека многумина од нив се покајаа.

Ја повикав и другата група да ја слушаат Божјата проповед и ги молев да се помират меѓу себе. Водителот на групата, Сахалинец ми возврати со грозна псовка, заканувајќи се дека подобро е да си одам, бидејќи ќе ме претепа. Во тој миг паднав пред неговите нозе и со солзи го молев да го измени животот, велејќи му: „Ако овде сега е присутна твојата мајка верувам дека и таа би паднала на колена пред тебе и би те молела да се покаеш“. Во тој миг Сахалинец ме подигна и сите заедно отидовме на местото од каде ја започнав проповедта. Ми вети дека нема повеќе да биде водител на групи.

Wednesday, August 18, 2010

Ме викате Господ

Ме викате Господ,
а далеку сум од вашите срца.
Ме викате Учител,
а не се поучувате од мене.
Ме викате Пат,
а не одите по мене.
Ме викате Вистина,
а не сведочите за Мене.
Ме викате Љубов,
а не ме љубите.
Ме викате Пастир,
а бегате од Моето стадо.
Ме викате Врата,
а не чукате на неа.

Tuesday, August 17, 2010

Кога умирам

Тага,
таа пред вратата ми стои,
со желба да ја отвори и да ме зароби!

Мислите,
повторно мислите злобни ѕвонат
и на беззаконие брзаат
да ме наведат.

Срцето,
тоа срце сакаат
да го скаменат, а неговото чукање
да го умртват.

Saturday, July 31, 2010

Чудото со Светиот Крст

Во првите денови во 1965 година во детската клиника, довеле едно девојче, ќерка на партиец и познат научник. Девојчето кое имало 7 години, живеело во училиштето затоа што нејзините родители се наоѓале во странство. Причината за пренесувањето на девојчето во болница била високата температура. Веднаш ги направиле потребните испитувања. Првите денови таа имала јасно сознание, но истиот ден состојбата се влошила и на девојченцето почнало често да и се губи сознанието. Им била испратена телеграма на родителите со која ги известиле дека нивната ќерка е многу болна и дека нема надеж оти таа ќе преживее уште 3 - 4 дена. Лекарите решиле да го пренесат девојченцето во одделна соба и да му дадат кислород. Идното утро температурата се искачила на , пулсот бил многу забрзан, дишењето тешко, така што состојбата крајно се влошила.

Thursday, July 29, 2010

Старец Пајсиј (Светогорец) - Магии ( III дел )

-Старче, имаат ли маѓепсниците некое известување (видение,внатрешна сигурност на срцето)?

-Имаат известување од ѓаволот, а кажуваат и многу лаги. И вие да внимавате во гостопримницата. Треба да ја проверувате состојбата. Да гледате какви луѓе се тие што доаѓаат, зашто може да дојде и некој којшто се занимава со магии. Ви се чини чудно? На едно бдение дојдоа две лица коишто се занимаваа со магии. Им се доближуваа на луѓето и им кажуваа разни работи. На една жена и рекле: „Ти имаат направено магии; ќе дојдеме кај тебе дома, да ти ги одврземе со еден крст што го имаме“. Доаѓаат на бдение, зборуваат демек духовни работи, а другите велат: „Бидејќи доаѓаат на бдение значи се верници“, и им го отвараат срцето. Како ли ги збркуваат луѓето со лагите што ги кажуваат! За да излаже некој една девојка и рекол: „Отец Паисиј имал видение дека ќе се омажиш за мене; земи го ова да го носиш, без да испиташ што е“, и и дал нешто што било - магиско. Но, таа за среќа не го ставила. „Добро, отец Паисиј со такви работи ли се занимава!“ рекла, и зела да ми пишува едно писмо, четири страни со збиени редови, полно со навреди. Такво хулење! „Нема гајле“, велам, „навредувај ме. Алал да ти е хулењето, откако не се излажа да ја ставиш сатанската амајлија!“

Wednesday, July 28, 2010

Тројца старци

Божјите мерила се подруги од човечките. И спасението и човечката блискост со Бога не зависат од неговата ученост ниту од ерархиските чинови, туку од благодатната љубов и светоста кои во себе ја носат.

Еве еден таков пример: на ферибродот каде патувале Руски поклоници во Солвјецкиот манастир, Архиепискотот на градот Архангелс слушнал од некои патници дека на блискиот остров живеат во осаменост тројца монаси кои целиот свој живот го посветиле на молитвата. Еден од нив по раст бил мал, подгрбавен и многу стар, но секогаш насмеан и незлоблив како Ангел Господов. Вториот-нешто покрупен, неверојатно силен, можел да го преврти чамецот со еден потег. Третиот највисок, имал долга брада која го покривала се до колена.

Wednesday, June 16, 2010

Старец Пајсиј (Светогорец) - Магии ( II дел )

-Старче, што се бајачите?
 
-Маѓепсници се. Ги користат Давидовите Псалми, имињата на светителите и друго, а мешаат и повикување на демони. Додека ние, читајќи го Псалтирот ја повикуваме помошта Божја и ја примаме Божјата благодат, тие со начинот на којшто го ползуваат, хулат на Бога, ја одрекуваат Божјата благодат, та затоа демоните потоа им го прават атерот (т.е. им помагаат). Ми кажуваа за едно дете коешто отишло кај еден бајач, за да успее во нешто. Тој му читал нешто од Псалтирот, и детето успеало во тоа што го посакувало. Но, по малку време почнал да се гаси, да се топи бедникот. Што направил бајачот? Имал земено нешто суви плодови во рацете, и почнал да му чита 50-ти псалм. Кога стигнал до стихот „жртва на Бога“ ги фрлил сувите плодови, правејќи им жртва на демоните, за да му го направат потоа атерот. На тој начин хулел на Бога со Псалтирот.