Во советско време, Киево-Печерската лавра, беше претворена во атеистички музеј. Во неговите сали се прикажуваа отворени гробови со мошти и специјално обучени лектори се обидуваа да ги убедат посетителите дека нема ништо свето и надприродно во древната обител. Тие тврдеа дека моштите се средство на измама, дека нивната нетленост се должи единствено на тоа што манастирските пештери се прокопани во суви варовити почви со постојана температура и влажност на воздухот, кое содејствувало за мумифицирање на погребените монаси.
Но, лекторите премолчуваа една восхитувачка загатка – вели Анатолиј Бернатски, истражувач на необичните појави. Имено при испитувањето на телата погребани во пештерите, се покажаа дека само дел од нив се во нетлена состојба. Останатите, се обични мртовечки остатоци, какви што има на секое друго гробно место. За да се објасни ваквата разлика, беа спроведени сериозни испитувања.
Најнапред, беше проучен воздухот. Примероците од него беа земени како во пештерите, така и во саркофазите со моштите на светителите. Саркофазите не се херметички, така што воздухот би требало да е истоветен како во пештерите. Напротив, се покажа дека имаа поразителна разлика. Воздухот во подземните простории е неверојатно чист, но во саркофазите, количеството на микробите е 9-10 пати помало одколку во пештерите, особено важните хемолитични бактерии, кои сосема одсуствуваат. Некаква непозната сила, го запира растот на разградувачките организми и го прави воздухот бактерициден.
Во пештерите, беа правени експерименти со житни семиња како биолошки објекти. Се покажа, дека излачувањето од моштите ги зголемува животните сили на семињата. Во првата база од својот развој, таквите семиња даваат 2-3 пати поголема зелена маса од другите. Но, и тоа не е се. Со помош на специјални кобалотови инструменти, житните семиња беа изложени на смртоносни, за тој вид, дози на радијација. Потоа, озарените семиња беа положени до саркофазите на светите духовници. Најпосле по засејувањето, ваквите семиња дадоа сосема нормални класови, додека семињата кои не беа изложени на аурата на подземните останки, воопшто не изникнаа.
Научниците се засегнати и од течноста која се одделува од черепите на печерските светци. Овие черепи се чуваат во стаклени и сребрени садови, сместени во една од подземните цркви – продолжува Анатолиј Сергеевич. Одвреме на време, ту еден, ту друг, започнуваат да точат миро – благоухана маслена течност, со која се помазуваат верниците. „Возраста“ на некои од овие черепи, доближува и до илјада години. Кога советските власти го претворија манастирот во музеј, мироточењето на черепите престана. Но, во 1988 година, кога во чест на илјадалетието од крштението на Киевска Русија, дел од овој музеј, одново и беше предаден на Црквата, неколку черепи „оживеаја“. Сепак, никој не се осмели да рече, дека ова е некаков трик на свештениците од причина што мироточивоста не беше откриена од нив, туку од страна на научниците на музејот.
Во биохемиската лабораторија на Киевскиот медицински институт беше испитуван составот на течноста која ја лачат черепите. Експертската комисија, на чело со проф.Јуриј Хмељовски, дојде до сознание дека се работи за секреции присутни на жив организам. Во преставениот примерок ние откривме високопречистени масла со примеси од белковини – изјави професорот. Отсуството на неоргаски фосфати и амониеви јони, покажува дека овие примероци не се продукти од распаѓање на мртво ткиво. Белковините пак, откриени во течноста, имаат ограничен происход. Синтетизирањето на слични соединенија, дури и со користење на најнапредни технологии, практично е невозможно.
Во пештерите има уште многу нешта, необјасниви од наична гледна точка. На пример, вградениот одраз од една чудотворна икона, во стаклото од нејзиниот обков. Просто никој не може да даде било какво толкување за физичките суштини на ваквата појава. „Ова едноставно е невозможно“, коментираа оптичарите и специјалистите по физика на тврдите тела. Навистина треба да се согласиме со учените кои ја сметаа Киево-Печерската лавра за најнеповторливо место на земјата, каде што се случуваат појави, засега непоимливи за човечкиот разум.
За овој текст му благодарам најпрво на Бога, а потоа и на Отец Мирко, парохиски свештеник од Тетово. Се надевам, дека и на вас, драги мои браќа и сестри, ви се допадна и дека ќе е на полза.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment