Пред неколку денови во разговор со една сестра во Христа, ми кажа дека со некој човек разговарала на оваа тема (за абортусот) и дека тој човек го одобрувал абортусот се до 7-ми месец, а после 7-ми месец не, затоа што според него плодот после 7-ми месец почнува да се оформува, а пред 7-ми месец нема ништо. После ден-два од тој разговор, во мои раце се најде едно книгиче, поточно црковен алманах, каде што пишуваше за абортусот, со што во целост го побива тврдењето на човекот.
Текстот доле што ќе го читате е извадок од тој црковен алманах.
Митрополит Мелетие: Против чедоморството
Познатиот италијански законодавец од минатиот век Рафаил Белестрини, вели: „Најјакиот доказ дека некој народ ја достигнал крајната граница на моралниот пад ќе биде времето кога абортусот ќе биде сметан како прифатлив и нешто нормално“.
Абортусите не се само сведоштво за моралната гнилост, пад и декаденција. Тие се и причината за сето тоа, водат кон тоа и му даваат поттик.
Научните испитувања со најсовремени технолошки средства ни откриваат дека:
а) по 18 денови од зачнувањето се чувствува работењето на срцето на плодот и функционира неговиот самостоен крвоток;
б) по пет недели, јасно се распознава носот, образите и прстите на плодот;
в) по шест недели, почнува да функционира централниот систем: јасно се распознава скелетот и почнуваат да функционираат бубрезите, стомакот и црниот џигер на плодот;
г) по седум недели (50 дена) кај нероденото дете се распознаваат мозочните бранови. Малото дете веќе ги има потполно оформено сите внатрешни и надворешни органи. Има очи, нос, усни, јазик;
д) по десет недели (70 дена), нероденото дете ги има сите особини коишто ги гледаме и кај роденото дете од 9 месеци;
ѓ) по дванаесет недели (92 дена), т.е. три месеци детето ги има сите органи потполно оформени, дури и отпечатоците на прстите. Им преостанува уште само да се развијат. Плодот од три месеци веќе има толку живот во себе што ја врти главата, прави гримаси и движења, ја стега дланката, ја пронаоѓа својата уста и го цица своето прсте.
Заговорниците за озаконување на абортусот тврдат дека еден таков закон ќе реши многу и големи проблеми. Но да не заборавиме дека и Хитлер со слични оправдувања го решаваше прашањето за Евреите. Кардиналот Вишински тоа го истакна во една прилика пред варшавските студенти: „Ние сме гробари коишто дозволија повторно да се запалат во нашата земја грозните крематориуми. Во нашиве денови постои во една полска болница крематориумска печка за спалување на телата на дечињата коишто не стигнале да се родат...Немаме право да ги проколнуваме поробувачите коишто во минатото ги потпалија печките на крематориумите во Полска (Аушвиц) кога тоа и ние денес го правиме. Да замолчиме да зборуваме за илјадниците луѓе убиени од непријателот во моментот кога бројот на убиените во последниве години ја надминува бројката на жртвите од концентрационите логори на смртта...“
По бројот на абортусите водат земјите коишто го озакониле (Куба, Полска, Романија...), кајшто процентот на абортусите надминува 60% од зачнувањата. Се смета дека во Полска има над 1 000 000 абортуси што одговараат на 702 000 раѓања!
Црквата не ги прифаќа човечките сваќања како мерило за своето учење. Таа не зборува од земното. Таа е носител на вистината што ја проповедаше Господ Исус Христос. Нејзините ставови се од горе и се израз на божествената мудрост. Нејзините ставови се секогаш согласни со вистинската наука за човекот, но не и со лажната наука, со приземната и демонизираната „научност“. Во се’, секаде и за секогаш важат зборовите на светиот Апостол Павле: „Бог нека е вистинит, а секој човек е лажливец“.
Резултат на антропологијата, биохемијата и биологијата не’ водат денес до заклучокот дека абортусот е убиство, со оглед на тоа дека со него се прекинува самостојниот живот којшто постои во полн степен.
Овие современи резултати на науката се истоветни со учењето на Црквата, којашто вели: Плодот е самостоен и самопостоен живот, индивидувалност со сите права „од моментот на зачнувањето“. Точното прецизирање на „оформениот“ и „неоформениот“ (плод) за нас нема значење, вели Св. Василиј Велики.
Ова основно начело силно го подвлекуваат и другите Свети Оци и црковни учители, како што се Григориј Богослов, Анастасиј Синаит, Максим Исповедник и други.
Нивните ставови би можеле да ги сведеме во заклучокот што следува.
а) „Онаа (жена) што намерно го уништува плодот потпаднува под вината за убиство“ (Василиј Велики, канон 2).
б)„Оние коишто даваат треви за абортуси се убијци како и оние коишто примаат чедоморни отрови“ (Василиј Велики, канон 8).
в) Соработката во абортусот е соработка во убиство. Свети Јован Златоуст го смета за соучесник во гревот убиство дури и мажот којшто ја оплодил жената што врши абортус. Еве што вели тој учител на Црквата: „Зошто сееш таму каде што земјата сака да го упропасти плодот? Каде што има голема бесплодност? Каде што има уништување пред раѓање? Зошто дури ни блудницата не ја оставаш да биде само блудница, туку ја правиш и човекоубиец! Зарем не согледуваш како од пијанството доаѓа блудот, од блудот прељуба, од прељуба убиство? Дури тоа е и нешто полошо од убиството, незнам како да го наречам. Зашто не само што го уништува родениот, туку го спречува и да се роди! Тоа значи дека и Божјиот дар го презираш? Се бориш и против неговите закони? И го прифаќаш како благослов тоа што е проклетство? И работилницата на раѓањето ја претворуваш во кланица? И жената дадена за раѓање деца ја спремаш за убиство?“ (Св. Јован Златоуст, Омилија 24, на посл. до Римј., 4, П.Г., том 60, 526)
За Христовата Црква абортусот или прекинувањето на бременоста не е едноставно недозволен етички чин. Тоа е убиство. Убиство од најтежок вид зашто со него се лишува од животот едно човечко битие и тоа пред да го вкуси и пред да се удостои со крштение.
Луѓето коишто вршат абортус на своите деца личат на Ирода којшто закла 14 000 дечиња за да биде мирен и спокоен во својот живот. Може дури да се рече дека се и полоши од него зашто тие 14 000 деца не беа негови сопствени.
И секој оној којшто на било кој начин учествува во страшниот чин на абортусот, без разлика на тоа што тој самиот за тоа мисли, соучествува во делото на убиството и носи голем грев пред Бога, којшто ни дава апсолутна заповед: НЕ УБИВАЈ !
Што да се прави:
Црквата си има свое уверување и свое илјадагодишно искуство. Никој не може да и го одземе правото да го изнесе својот став и да го брани, како што и другите имаат право да ги бранат своите ставови. Притоа Црквата има своја света должност:
а) Првенствено на црковниот народ што поисцрпно да му го изнесе и да му го објасни својот став за абортусот и своето вековно искуство, на која основа таа и нејзините членови не ќе можат да се однесуваат кон абортусот поинаку, освен како спрема убиство.
б) Должна е да обрати внимание на духовниците (свештениците и исповедниците) на овој толку сериозен проблем да не му пристапуваат со неодговорна снисходливост. Духовниците се должни, согласно со учењето, духот и вековното искуство на Црквата да ги воспитуваат своите верни, бидејќи кај нив сознание за светињата на секое поединечно човечко суштество, од моментот на неговото зачнување, па се до смртта и по смртта. Должни се, исто така, кај оние коишто на некој начин се огрешиле кон светињата на животот, особено со чедоморството, да го будат духот на покајанието, употребувајќи притоа не само исповест и поуки, туку ако треба, и строги епитимии. Главна цел на сето тоа треба да биде будењето на совеста и вистинската поправка на таквите да престанат со гревот.
в) На оние коишто донесуваат закони и коишто се општествено одговорни, Црквата има обврска да им го посведочи својот став и барем да им го сврти вниманието на трагичните последици по човечноста и човечкото достоинство воопшто, озаконувањето на абортусот или на било каква утилитаристичка манипулација со основните и најсвети сфери на човечкото битие и живот.
г) Црквата не би била тоа што е кога не би подвлекувала и не би истакнувала дека било кој метод на абортусот е рамен на злочин, зашто последиците се секогаш исти одземање на животот на човечко суштество.
д) Црквата е особено должна да ги потсетува лекарите и бабиците на страшната и свештена одговорност пред Бога и пред човечкиот род, и пред сопствената совест, за светињата на животот на секое поединечно човечко суштество родено и неродено кое им е поверено во нивните раце, без оглед на неговата возраст.
ѓ) Со саможртвена љубов, откриена и посведочена од Богочовекот Христос од неговото богочовечко дело, како нејзина суштина и содржина, Црквата е должна постојано да повикува на жртвување на себе си и својот живот за своите ближни, како единствено вистински и достоен на човекот начин на човечкото постоење на земјава, небото и на сите светови.
Црквата треба секого и сите да ги потсетува дека со жртвување на другите на себеси и своето саможиво задоволство, било кои да се тие другите и на било која возраст да му припаѓаат – всушност со тоа се сатанизира човечката свест и совест и се расчовечува боголикото човечко суштество. На тој начин трагичните човечки проблеми постануваат уште потрагични и понерешливи.
Проткаена и инспирирана со саможртвена и богочовечна љубов, Христовата Црква, наместо себељубивото чедоморство, како разрешување на социјалните, економските и др. проблеми, сега и секогаш, првенствено укажува на богољубивата и човекољубивата чесност и воздржание. И на Големата светиња Тајната на целомудрениот брак, како симбол на се’ преобразувачка тајна на Црквата.
Длабочината на верата, стравот Божји, спремноста на жртва и вистинскиот Христијански живот се најдобар патоказ на верните за практичното решавање на овој најсериозен проблем. Следува дека Бог му ја дарува и разоткрива на човекот најдлабоката вистина и мудрост на живеењето преку она што е лудо во очите на светот, особено денешниот заслепен со похота и надмена памет.
О. Григориј Григориатски : Саможивост, абортус и слобода
Прифаќањето и озаконувањето на абортусот како нешто што е природно и нормално значи нагрдување и прифаќање на саможивоста, а не на слободата. А секој трезвен човек ќе се сложи дека вистинската слобода не се наоѓа во егоистичкото задоволување на самите себе, уште помалку во робувањето на слепиот инстинкт, туку во откривањето и здобивањето на подлабокиот смисол на животот. За нас христијаните тоа значи откривање на Божјата волја за нас и нејзиното исполнување врз нас и врз светот околу нас. Тоа е можно да се постигне само единствено со почитување на светоста на животот и со надминување на нас самите и со подвижничко исполнување на нашите обврски спрема Бога и ближниот.
Вистински слободен сум не тогаш кога го исполнувам и го правам тоа што ми го наметнува егоизмот и самољубието, туку тогаш кога го правам тоа што од мене го бара самопожртвуваната љубов. Единствено така може човек да се оправда и да стекне смисла за жртвување на себе си за великите цели, за вистината, за ближниот и татковината, вистинската човечност, честитоста.
Современиот духовен безизлез доаѓа од таму што во нашето општество се повеќе преовладува самољубието и саможивоста. Според Отците на Црквата самољубието е болна љубов спрема нас самите и корен на сите зла. Цивилизацијата, која се заснова на саможивоста, полека, но сигурно постанува цивилизација на безизлезот.
Ако во името на слободата е оправдано да се вршат абортуси, т.е. убивање на најнезаштитените суштества, зошто тогаш да не е слободно да се вршат и други злочини? Зарем нас не не’ вознемирува умножувањето на бројот на злочините во светот, се’ пошироката употреба на дрогата кај младите? Всушност, ако човекот е навистина само еволуирано животно, а не икона на живиот и вечен Бог, на што тогаш се основа и во што се состои човечкото достоинство? Што тогаш го спречува газењето и уништувањето на човечката личност? Зошто тогаш се чудиме на современите анархисти, коишто анархијата и насилието ги вршат поради анархија, ослободувајќи се од лицемерните оправдувања и „светите“ цели, коишто ги поставиле нивните татковци и претходници.
Со нашите сопствени раце ги поткопуваме темелите на нашето општество и создаваме предуслови за разурнување и обесветување на се’. Нашето младо поколение денес најмногу страда од тоа што ние постарите му го предаваме и му оставаме во наследство едно „општество“ заболено, обезбожено и материјализирано, затруено со саможивост и безбедност.
Извор: Светиклиментово слово, Црковен алманах, 1993
http://www.youtube.com/watch?v=YUGnr5MswA0&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=pIf29UZ4jxk
http://www.youtube.com/watch?v=Ov-Q-XbQ_KE
http://www.youtube.com/watch?v=7OkT88uwQtM&feature=related
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Господ да ви даде се најубаво...темава за абортусот е навистина прекрасна, се согласувам дека абортусот е Убиство и тоа дека е од нависок вид иза се што ни приготви........Господ да ги помилува и да им ги отвори очите на оние кои абортирале, абортираат и што абортусот го сметаат како своеволна одлука дури и го оправдуват. Жал ми е кога ќе слушнам дека абортусот е нешто нормално и дека тоа го оправдуваат бидејќи, неможеле да се грижат па така дека кога ќе го абортиаат со тоа ќе му олеснат....немале парични средства, развод или несакале да имаат таква грижа......сепак тоа не е оправдување за абортусот бидејќи...ние не се грижиме или поточно нашите родители не се грижат за нас, туку Господ Исус Христос. Штом Господ дал да се зачне дете, во никој случај не смее да се абортира бидејќи тоа дете како и секое има право на живот. Дури и да неможе да се грижи за него подобро е да го даде во некој дом или на семејство кое што сака да има деца, а неможе. Таквите семејства се многу кое сакат да имаат деца, а неможат.... По молитвите на Пречиста Дева, Господ да не помилува!!!
ReplyDelete***Темниот Агел ***
ReplyDeleteхахахах Да Да Да... Сигурна сум дека Господ се гржи за нас и дека решава во наше име...Ако ние не се заштитиме тој сигурно нема да не заштити нас..Него за абортусов.. Секоја жена и девојка има право сама да избере што сака да прави со нејзиното тело..Постојат многу причини зашто сака или не сака да го роди....тоа не треба да се смета како оправдувања, туку тоа си е право на избор на секоја девојка или жена... Така да неможам да разберам како некој сака да ја врати жената во средновековието кога немала право да одлучува за своето тело и за својот живот, туку повеќе била гледана како "машина" за раѓање на деца и да му служи на мажот како слугинла..што е бесмислено. Сеа сме 21 век, збориме за еманципација на жените и мажите, за еднакви права и слободи..Епа тогаш нека не ни ги кршат и забрануваат истите...