Tuesday, June 15, 2010

Старец Пајсиј (Светогорец) - Магии ( I дел )

Бидејќи многупати ви зборував за Рајот, за ангелите и за светиите, за од тоа да имате некоја полза, сега ќе ви кажам малку и за пеколот и за демоните, за да познаете со кого се бориме, за повторно да најдете помош.
Дојде во Колибата еден млад маѓепсник (=вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисок. На шеснаесет годишна возраст заминал од Тибет и отишол во Шведска за да се види со татко му. Таму, случајно сретнал еден, многу верен, православен свештеник и побарал да разговараат.
Младиот маѓепсник воопшто незнаел што значи православен свештеник. Во салата каде што седнале да разговараат, почнал да му прави некои од неговите магии, за да му ја покаже својата сила. Поканил еден од главните демони Мина (Месец) и му рекол: „Сакам вода“. Се кренала една чаша од кујната, самата отишла до чешмата, чешмата се отворила и ја наполнила, поминала преку затворената стаклена врата и дошла во салата. Ја зел маѓепсникот и ја испил. Потоа му ги прикажал на свештеникот во салата целата вселена, небото, ѕвездите. Употребил магии од четвртиот степен и ќе напредувал до единаесеттиот степен. Тогаш го прашал свештеникот како гледа на се ова.„Бев готов“, ми рече, „да го убијам свештеникот ако ми го исмејуваше сатаната“. Но, свештеникот не му рекол ништо. Тогаш, младичот го прашал: „Зошто и ти не ми правиш знаци?“ „Мојот Бог е смирен“, му одговорил свештеникот и извадил еден крст давајќи му го да го задржи. „Повторно направими знаци“, му рекол свештеникот. Младичот го повикал главниот демон Месец, но Месец се тресел неосмелувајќи се да се приближи. Го повикал сатаната и тој исто - го гледа крстот и не се приближува. Единственото нешто што сатаната му го рекол на младичот било да стане и да си оди на Тибет. Тогаш младичот му се изругал на сатаната: „Сега разбрав“, му рекол, „дека твојата голема сила е една голема немоќ“. Во продолжение тој се катихизирал од добриот свештеник којшто му кажал за светите места и за Света Гора... Од Шведска отишол за Ерусалим каде што го видел и светиот оган. Од таму отишол во Америка за да ги изруга сатанистите коишто ги познавал, за да си го сменат умот; Господ го направи најдобар мисионер; и, од таму дојде на Света Гора.

Добриот Бог, шокантно му помогна, затоа што од мал беше онеправдуван; молете се; бидејќи го напаѓаат маѓепсниците со сите демони. Кога мене ме напаѓаат штом доаѓам да му помогнам, колку повеќе него. Свештениците му читаа егзорцизми, рацете му пукаат и му тече крв. Кутрото дете, демоните многу го мачат; а, порано кога беше во пријателство со нив, не само што не го вознемируваа, но му помагаа и го услужуваа. Да се молите. Но, и самиот треба многу да внимава, зашто Евангелието вели, (Мт.12. 45), дека нечистиот дух кога ќе излезе од човекот „оди и донесува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму ќе живеат, та последната состојба на тој човек станува полоша од првата“.


Извор: Списание „Успение“, број 5, јуни 2003

No comments:

Post a Comment