Wednesday, June 16, 2010

Старец Пајсиј (Светогорец) - Магии ( II дел )

-Старче, што се бајачите?
 
-Маѓепсници се. Ги користат Давидовите Псалми, имињата на светителите и друго, а мешаат и повикување на демони. Додека ние, читајќи го Псалтирот ја повикуваме помошта Божја и ја примаме Божјата благодат, тие со начинот на којшто го ползуваат, хулат на Бога, ја одрекуваат Божјата благодат, та затоа демоните потоа им го прават атерот (т.е. им помагаат). Ми кажуваа за едно дете коешто отишло кај еден бајач, за да успее во нешто. Тој му читал нешто од Псалтирот, и детето успеало во тоа што го посакувало. Но, по малку време почнал да се гаси, да се топи бедникот. Што направил бајачот? Имал земено нешто суви плодови во рацете, и почнал да му чита 50-ти псалм. Кога стигнал до стихот „жртва на Бога“ ги фрлил сувите плодови, правејќи им жртва на демоните, за да му го направат потоа атерот. На тој начин хулел на Бога со Псалтирот.

-Старче, некои коишто се занимаваат со баење, гатање и магии користат крст, икони...


-Да, знам, од тука ќе разберете каква измама се крие зад тоа што го прават. Така ги лажат кутрите луѓе. Луѓето гледаат дека бајачите користат свеќи, икони и друго, и им веруваат.

Да, ми кажа некој, дека во еден град една Турчинка имала ставено една икона на Пресвета Богородица врз еден камен и кажувала:„Каменот што му помага на светот!“ Не велела:„Пресвета Богородица“ но „каменот“. Христијаните се збунуваат бидејќи ја гледааат иконата на Богородица, и некои коишто имаат некаков проблем со здравјето трчаат таму, со мисла дека ќе најдат помош, и потоа - ѓаволот ги меле. Зашто кога Турчинката вели дека каменот им помага на луѓето, а не Богородица, од тука натаму влегува ѓаволот во средината, затоа што тоа е унижување на Богородица. Се тргнува благодатта Божја и почнува демонизам. И, трчаат христијаните да им помогне каменот - каменот и демонот! - и, на крај се осакатуваат, зашто од ѓаволот каква помош можеш да имаш.
Ако имаа малку памет ќе си помислеа - „Турчинка, муслиманка, каква врска има таа со иконата на Богородица“. Дури и да велеше дека Богородица помага, штом е муслиманка, каква врска има таа со Богородица? А, колку повеќе сега штом вели дека каменот им помага.

Му кажав на еден да го извести митрополитот и да се превземат мерки, за народот да се заштити.

-Старче, луѓето бараат заштитници.

-Подобро да давате крстчиња, кога ви бараат заштитници. Немојте да правите заштитници, зашто и маѓепсниците прават амајлии. Ставаат од надвор некоја икона или крст, а внатре имаат различни магиски предмети! Ја гледаат луѓето иконата или крстот и се збунуваат.

Еве, пред некој ден ми донесоа една амајлија од некој Турчин со име Ибраим, којашто на неа имаше извезен еден крст. Имам разбрано и за еден безбожник којшто витка разни икончиња и внатре става влакна, дрвца, шајки, монистра. Кога, пак, Црквата го изобличи, рече:„Јас сум медиум“, затоа што медиумите се дозволени, и така прави што си сака. Му реков на еден којшто имаше претрпено штета од него:„Да одиш да се исповедаш, зашто примаш демонски влијанија“. Отиде, се исповеда. Дојде потоа, и ми рече: „Не чувствувам никаква разлика“, „Бре“, го прашувам, „можеби имаш нешто на себе од тој опрелестениот“? „Да“, вели, „имам едно мало кутивче, како мало Евангелие“. Го земам, го отварам и наоѓам внатре разни завиткани икончиња, некои влакна, некои дрвца. Ги зедов, и се ослободи човекот. Гледаш каков измамник е ѓаволот!

Кутрите луѓе носат некои такви амајлии навидум за помош, а се измачуваат. Тие треба да ги изгорат и да го закопаат пепелот, или, да го фрлат во море и да одат да се исповедаат. Само така ќе се ослободат.

Беше дојден во Колибата еден младич којшто имаше многу проблеми и се измачуваше, телесно и душевно, повеќе од четири години. Живееше грешен живот и во последно време се беше затворил дома; не сакаше да гледа никого. Двајца негови пријатели коишто редовно доаѓаа на Света Гора со многу маки го убедија да го земат со нив на Света Гора, со цел да го донесат во Колибата. На патот од Урануполи до Дафни, секогаш кога бродот поминуваше покрај некој од манастирите, младичот се виткаше по подот. Неговите пријатели заедно со отците коишто беа на бродот се обидуваа да го повратат кажувајќи ја молитвата. Со многу тешкотии стигнаа до Колибата. Кутриот ми го отвори срцето, ми зборуваше за својот живот. Видов дека се мачи од некое демонско влијание. Му кажав да оди да се исповеда кај еден духовник на Света Гора, и да го направи она што тој ќе му каже, за да му биде добро. Навистина отиде, и се исповеда.
Кога влегоа во бродот за да се вратат, им кажа на пријателите дека духовникот му рекол да ја фрли во морето амајлијата којашто му ја дал некој познат и којашто ја носел на себе, но никако неможеше да го направи тоа. Колку и пријателите да го молеа да стане и да ја фрли, тој остануваше здрвен како статуа. Не можеше да стане од седиштето. Тогаш го фатија, и со многу напор го изнесоа надвор на палубата. Со нивна помош младичот успеа да ја извади амајлијата и да ја остави да падне во морето, зашто немаше сила да ја фрли. Веднаш почувствува дека му се ослободуваат рацете и измаченото тело стекна сила. Полн со живот почна од радост да скока по ходникот и да ја испробува силата на своите раце на железата и на ѕидовите на бродот.

Оние што се занимаваат со магии кажуваат и многу лаги.


Извор: Списание „Успение“, број 5, јуни 2003

1 comment:

  1. КОЖНА ЧЫТАЙЦЕ ГЭТАЯ ПРАВІЛЬНАСЦЬ НА ЯК Я Атрымаў маю пазыку ад легіту і даверанае Крэдытнае прадпрыемства Мяне клічуць Керсцін Ліс, я шукаў крэдыт, каб урэгуляваць свае даўгі, усе, каго я сустрэў, ашукалі і забралі свае грошы, пакуль я, нарэшце, не сустрэў містэра Бенджаміна Брэйл Лі. Ён мог мне даць крэдыт у памеры 450 000,00 рубляў. Ён таксама дапамог іншым маім калегам. Я размаўляю як самы шчаслівы чалавек ва ўсім свеце сёння, і я сказаў сабе, што любы крэдытор, які выратавае маю сям'ю ад нашага дрэннага становішча, я скажу імя на ўвесь шырокі свет, і я так рады сказаць, што мая сям'я вярнулася назаўжды, таму што мне патрэбна была пазыка, каб пачаць усё жыццё, бо я адзіная мама з трыма дзецьмі і ўвесь свет, здавалася, вісіць на мяне, пакуль я не меў на ўвазе, што Бог адправіў крэдытора, які змяніў маё жыццё і што ў маёй сям'і, БОГ баіцца крэдытора, г-н, Веніямін, ён быў Збаўцам, які Бог паслаў выратаваць маю сям'ю, і спачатку я думаў, што гэта не стане магчыма, пакуль я не атрымаю крэдыт, і я запрасіў яго да маёй сям'і. -Усе ўдзельнік, які ён не адмовіўся, і я параю любому, хто мае сапраўдную патрэбу ў пазыцы, звязацца са спадаром Бенджамінам Брэйлам Лі па электроннай пошце па адрасе: (Lfdsloans@outlook.com), таму што ён найбольш разуменны і добры сэрдэнцкі крэдытор I калі-небудзь сустракаўся з клапатлівым сэрцам. Ён не ведае, што я раблю гэта, распаўсюджваючы сваю добразычлівасць да мяне, але я адчуваю, што павінен падзяліцца гэтым з усімі вамі, каб вызваліць сябе ад ашуканцаў, калі ласка, будзьце асцярожныя і можна звязацца з кампаніяй, якая займаецца крэдытам, напішыце нам па электроннай пошце: Lfdsloans@outlook. com ці whatsapp + 1-989-394-3740. .

    ReplyDelete