1.Почетокот на подвижничкиот живот е послушништвото.
2.Бидете потполно уверени, дека нема да напредувате духовно, нема да растете и да се усовршувате, ниту ќе можете да го разликувате доброто од злото, ако не ги слушате и ако не им се покорувате на вашите духовни отци.
Sunday, March 21, 2010
Wednesday, March 3, 2010
Духовни поуки
Овие три работи Бог ги бара од секој човек што примил крштевање: од душата бара правилна вера, од устата вистина, од телото непорочност.
(Ава Григориј)
Должни сме да умреме за самите себеси, за да живеат другите! Христос рече: Не плашете се да го загубите животот, служејќи му на братот! Кој му служи на својот ближен, ја спасува својата душа за вечниот живот!
Старец Софрониј (Сахаров)
(Ава Григориј)
Должни сме да умреме за самите себеси, за да живеат другите! Христос рече: Не плашете се да го загубите животот, служејќи му на братот! Кој му служи на својот ближен, ја спасува својата душа за вечниот живот!
Старец Софрониј (Сахаров)
Tuesday, February 2, 2010
Порака до тебе од непознат светогорски старец
Синко, можеби нема ни малку да обратиш внимание на овие мои зборови. Но, Бог знае дека само од сочувство и љубов кон тебе и грижејќи се за твое добро, ти зборувам и ти го изнесувам сето ова. Не ти барам ништо.
И Христос не ти бара ништо. На Бога ништо не Му е потребно. Единствено што сака е тебе да ти е добро. Тој сака и ти да се радуваш со Него, како и толку многу други што му се радуваат. Те љуби и те посакува во Своја близина, како што таткото го љуби своето чедо.
И Христос не ти бара ништо. На Бога ништо не Му е потребно. Единствено што сака е тебе да ти е добро. Тој сака и ти да се радуваш со Него, како и толку многу други што му се радуваат. Те љуби и те посакува во Своја близина, како што таткото го љуби своето чедо.
Sunday, January 31, 2010
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски
Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници.
Friday, January 29, 2010
Гревот
Драги читатели, ние сме создадени за Бога и единствено во Него го наоѓаме врховното блаженство, по кое копнее нашето срце. Ништо друго надвор, од Бога не може да ја усреќи нашата душа! Дајте му на човек се што ќе посака, тој ќе му се радува на тоа одредено време, но потоа ќе стане рамнодушен бидејќи чувствува дека му недостасува нешто друго, многу повозвишено. Зарем и детето не и се радува на новата играчка се додека не огладни? Тогаш ја фрла играчката и бара леб. И меѓу најгласните задоволства на животот, и меѓу најголемите постигнувања на светот, некаква неискоренлива внатрешна глад за правда, и мир и радост во Сетитот Дух (Рим.14,17) ја мачи нашата душа и не дава мир!
Wednesday, January 27, 2010
Богатиот патник
Во едно затскриено, убаво, балканско селце, пристигнал, на летна почивка, чуден туѓинец. Тој бил многу богат човек. Патувал сам, бил многу уморен и сакал, што поскоро, да најде место каде што ќе престојува, за да си отпочине. Имал намера, да ги усреќи оние, кои ќе му обезбедат тивко и пријатно засолниште. Бидејќи неговото богатство било непроценливо, тој, на гостољубивите домаќини сакал да им даде таков подарок, каков што тие дури и не сонувале.Забележал една, однадвор убава куќичка со прекрасна местоположба и решил во неа да побара место за починка. Затропал на вратата. Но, веднаш штом му отвориле и го поканиле да влезе, тој неволно отстапил. Одвнатре, го облеал неподносливо замисиран воздух. Што забележал? – Домот на тие луѓе и свинската кочина биле под еден покрив. Без да каже за што дошол, патникот се извинил и излегол од дворот.
Sunday, January 24, 2010
Духот на Православието
„Теоријата“ е туѓа на Православието, а целиот негов патос е сосредоточен во „практиката“. Ете зошто Источната Црква не сака да губи време во решавањето на прашањето: што е тоа слобода и што е благодатта. За овие прашања Запад изгубил многу време и оставил големо количество литературни споменици што сведочат за рудиментите на јазичната горделивост. На Православието му е туѓа секаква претензија на сила и заслуги. Барањата на блажени Августин, хероизмот на Калвин, протестите на Лутер, исто така му се туѓи. Тоа го знае покусиот пат на откровението на светиот апостол за спасението, а тој пат не се наоѓа одвоен од магистралната линија кон целта, туку во самата неа, од каде што доаѓа духот и поради тоа Православието ја нема ни католичката казуистика, ни – разционализмот и индивидуализмот на реформацијата, а знае само едно просто правило за спасение: „прими благодат!“ И оваа благодат што се дава како подарок на оние кои имаат вера, не бара спорови ни логични ставови, туку – отворени и чисти срца. И ова Православието го поставува над се друго.
Subscribe to:
Posts (Atom)


